Рома поразена на „зелена маса“ ВТОР пат сезонава!
Фудбалерите на Рома со службен резултат од 0:3 се поразени од Специја во осминафиналето од Купот на Италија поради недозволени замени. Рома во вторникот по продолженија го загуби овој натпревар со резултат 2:4, но во текот на натпреварот направи недозволени шест замени. Според новите правила воведени во текот на пандемијата на коронавирусот, дозволени се пет замени, во текот на три прекини во регуларниот дел од натпреварот, со една додатна замена во продолжението. Откако за 30 секунди во хаотичниот финиш од натпреварот беа исклучени двајца играчи на Рома, тренерот Фонсека внесе во игра двајца фудбалери на крајот од второто продожение, што е недозволено.