Рома по секоја цена го сака Гринвуд, Англичанецот е приоритет на Гасперини

Екипата на Рома планира да обезбеди нови имиња во текот на летниот трансфер период, тврдат медиумите на Апенините.

„Волчицата“ која ќе настапува на неколку фронта во наредната сезона вклучително и ЛШ, сака да го ангажира англискиот напаѓач на Олимпик Марсеј, Мејсон Гринвуд.

Италијанците засега се подготвени да понудат 40 милиони евра но, тоа веројатно нема да ги задоволи апетитите на францускиот состав.