Рома со победа му донесе славје на Мурињо за неговиот голем јубилеј
Со натпреварот помеѓу Рома и Сасуоло беше затворена неделната програма од третото коло во италијанското првенство, а натпреварот одигран во Рим, јубилеен за Жозе Мурињо за кого ова беше 1000 меч во функција на тренер, заврши со резултат 2:1 за неговата екипа.
Рома во водство ја доведе Брајан Кристанте во 37. минута на асистенција на Лоренцо Пелегрини, а на 1:1 израмни Филип Џуричиќ во 57. минута. Сасуоло во првите три натпревари од Серија А постигна четири гол, а во три од нив учествуваше српскиот репрезентативец. Двапати погодуваше, а еднаш запиша асистенција.
Конечните 2:1 за продолжување на совршената низа на Рома во која има три победи во исто толку натпревари ги постави Стефан Ел Шарави во втората минта од судиското продолжение.
Мурињо на тој начин го одработи 1000 натпревар во тренерската кариера во која освои 25 трофеи. Ова за него беше 639. победа.