Роналдињо в недела повторно ќе игра на официјален натпревар

Легендарниот Роналдињо повторно ќе ги облече копачките и ќе настапи на официјален натпревар по пауза од 11 години.

Поранешниот ас на Барселона и Милан, кој има 46 години ќе заигра за италијанска Равена в недела, 15 ноември, против Форли, во 14. коло од Серија Ц, третото по ранг натпреварување во италијанскиот фудбал.

Категории билети поскапеа дури четирикратно. Влезницата за страничната покриена трибина, која вообичаено чини 30 евра, сега се продава за 120 евра, додека цената за долната трибина порасна од 21 на 60 евра.

За овој натпревар е поставена и посебна монтажна трибина наречена „Р10“. Влезниците за неа првично чинеле 75 евра, но подоцна цената била зголемена на 90 евра. Најскапите пакети, кои вклучуваат дополнителни ВИП-услуги, достигнуваат цена од 150 евра.