Роналдињо: Нејмар со една нога е подобар од сите напаѓачи на Бразил

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, го објави списокот за претстојните пријателски натпревари во март, но најголемо внимание привлече изоставувањето на Нејмар.

Иако напаѓачот беше на поширокиот список, сепак не се најде меѓу избраните за турнејата, што не им се допадна на дел од легендите на бразилскиот фудбал. Меѓу првите реагираше Роналдињо, кој јавно застана во одбрана на својот сонародник.

„Нејмар е подобар од повеќето Бразилци со една нога во моментов. Едноставно не уживам толку многу гледајќи го Бразил како порано. Мора да е во националниот тим на Светското првенство“, изјави Роналдињо.

Бразилците ќе одиграат два теста на американско тло, прво против Франција и Хрватска.