Роналдињо спремен за деби за Равена

Роналдињо на 46-годишна возраст повторно ќе заигра фудбал. Тој ќе настапи за италијанска Равена, клуб во кој е косопственик и чии дресови го носат неговиот бренд „R10“.

Клубот потврди дека освојувачот на „Златната топка“ за 2005 година ќе ги одигра своите први минути на 15 ноември, на дербито од третата италијанска лига против Форли.

Роналдињо и италијанскиот клуб уште во август се договориле поранешниот фудбалер на Пари Сен Жермен и Барселона да одигра најмалку еден официјален натпревар.

„Долгоочекуваниот датум конечно е потврден. Во недела, на 15 ноември, точно во 17:30 часот, бразилската легенда ќе го носи дресот на Равена на дербито против Форли. Овој натпревар ќе го насочи вниманието на целиот свет кон стадионот „Бруно Бенели““, се наведува во соопштението.c