Роналдо го збогати Јунајтед за 550 милиони фунти
Враќањето на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед веднаш предизвика позитивно влијание врз клубот и особено врз неговите американски сопственици.
Според податоците од берзата во Њујорк, вкупната вредност на клубот од Олд Трафорд во последните 54 дена, е зголемена за 550 милиони фунти. На 4 август, вредноста на една акција на Манчестер Јунајтед вредеше 11,70 фунти, а вкупната пазарна цена на клубот изнесуваше 1,91 милијарди фунти.
24 часа по веста за трансферот на Кристијано Роналдо, вредноста на акциите се искачи на 13,46 фунти по акција, а цената наклубот достигна 2,19 милијарди фунти.
Вредноста на клубот својот врв го достигна на 27 септември, кога акциите на берзата вредеа 15,09 фунти, а клубот цели 2,46 милијарди фунтри стерлинзи.