Роналдо го одбрани тренерот Мартинез од критиките: „Заслужува наш респект“

Кристиано Роналдо јавно го одбрани селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, критикувајќи го, „недостатокот на почит“ кон шпанскиот тренер, иако тимот има големи успеси под негово водство. Пред финалето во Лигата на Нации меѓу Португалија и Шпанија, искусниот напаѓач изрази збунетост од критиките упатени кон Мартинез и повика на поголема почит кон неговата работа.
Во интервју за „О Жого“, Роналдо јасно ја искажа својата поддршка:„Ако еден тренер стигне до финале, тоа значи дека одлично си ја завршил работата. Да се доведе во прашање некој со спектакуларен рекорд со Португалија ми е збунувачки“, рече тој.
Роналдо нагласи дека е важно да се признаат успесите на Мартинез, предупредувајќи дека поставувањето прашања за вакви резултати може да создаде лош преседан за идните тренери.
Шесткратниот добитник на Златната Топка ги пофали и напорите на Мартинез да се интегрира во португалската култура и да им посвети внимание на тимот не само од тактичка, туку и од човечка перспектива. „Дури и кога победуваме, секогаш има дебати. Но тоа е од „папагалите“ дома кои даваат свои мислења. Она што е важно е ние да сме задоволни од работата на тренерот. Тој дојде од друга земја и ја пее нашата химна со страст – тоа е нешто што најмногу го ценам,“ рече Роналдо.
Изјавите на Роналдо добија дополнителна тежина со победата на Португалија во финалето на Лигата на нации. Тимот ја освои втората титула во ова натпреварување по нерешен резултат од 2-2 против Шпанија, а потоа победи со 5-3 по изведување пенали.
Овој триумф е уште еден важен успех во мандатот на Мартинез и ја потврдува силната одбрана што Роналдо ја даде за својот тренер, кој сега има нова меѓународна титула со Португалија.