Роналдо е стрелец против 78 клубови од најсилните лиги, но не е најдобар!

Кристијано Роналдо постигна два погодоци во победата на Јувентус од 3:0 на домашен терен против Кротоне во рамки на 23. коло од Серија А. Вториот погодок беше чудесен, а со првиот влезе во историјата. Со него, Роналдо постигна погодок и против 18. клуб кој игра во Серија А сезонава, што значи дека досега ниту еден клуб не успеа да остане неказнет од португалецот. Освен тоа, Кротоне е дури 78. клуб од петте најсилни лиги во Европа против кој Роналдо постигнал барем еден погодок. Колку и да е оваа бројка на негови „жртви“ во најсилните лиги импресивна, сепак тој не е „најубиствен“. Таа титула му припаѓа на швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ, кој постигнал барем еден погодок против 79 клубови од петте најдобри лиги во Европа.