Роналдо: Зборувам кога ќе посакам, Португалија е најдобра на СП
Капитенот на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, изјави дека интервјуто кое го даде на познатиот британски новинар Пирс Морган, не ги поремети состојбите во соблекувалната на репрезентацијата пред првиот натпревар на СП во Катар.
„Во мојот живот најдобриот тајминг секогаш е мојот тајминг. Не морам да размислувам за тоа што другите зборуваат и мислат за мене. Зборувам кога сакам. Играчите добро ме познаваат и знаат каква личност сум. Ние сме амбициозна селекција која е фокусирана на фудбалот. Сигурен сум дека моето интервју нема да го наруши фокусот и концентрацијата на репрезентацијата“, изјави Роналдо.
Португалија својот прв натпревар на СП ќе го има во четврток против Јужна Кореја.