Роналдо играч на месец март во Манчестер Јунајтед

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар фудбалер на тимот во март, објавено е на официјалниот сајт на клубот. Тој го освои првото место во гласањето на навивачите. Во конкуренција за наградата беа и Џејдон Санчо и Фред.
Во март, 37-годишниот Португалец постигна хет-трик на мечот против Тотенхем (3-2) во Премиер лигата. Роналдо оваа сезона одигра 24 натпревари во Англиското фудбалско првенство за Манчестер јунајтед, постигнувајќи 12 гола и три асистенции.