Роналдо им се врати на тренинзите

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед – Кристијано Роналдо, повторно тренира со екипата. Португалецот поради настинка го пропушти ремито со Лестер, но сега повторно му е на располагање на тренерот Ралф Рангник. Тоа значи дека Роналдо сигурно ќе биде во тимот за тешкото гостување кај Евертон во сабота.

Во меѓувреме, Роналдо беше прогласен за играч на месецот на Јунајтед.

„Ви благодарам многу за гласовите и поддршката. Се чувствувам многу среќен и мотивиран за остатокот од сезоната. Како и секогаш ќе дадам се од себе“, изјави Роналдо за навивачите на „црвените ѓаволи“.