Роналдо и Перез се сретнаа во Торино, загрижени навивачите на Јувентус

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез деновиве беше во Торино. Тој се сретна со претседателот на Јувентус, Андреа Ањели како би разговарале за прашањата поврзани со фудбалската политика.
Се разговараше за иднината на меѓународниот фудбал, односно идеите низ наредните години да се креира фудбалска Суперлига за која и двајцата се залагаат.
Перез имаше време да се сретне и со Кристијано Роналдо, кој го дочека во кампот на Јувентус.
Таа вест ги загрижи навивачите на Јувентус. Старата дама во неделата загуби од Интер со 2:0 и се подалеку е во трката за Скудетото, а португалецот на тој натпревар беше непрепознатлив. Претходните месеци се пишуваше дека Роналдо беше пред трансфер во ПСЖ, но истиот пропадна поради коронавирусот.
Сепак, состанокот на Роналдо и Перез беше само пријателски, сметаат италијанските медиуми.