Роналдо казнен со два натпревари неиграње заради некорктната реакција

Кристијано Роналдо заработи суспензија од два натпревари поради непримерниот гест кој го направи како одговор на навивачите кои од трибините му скандираа „Меси, Меси“.

Португалецот по победата на Ал Наср против Ал Шабаб на гостински терен од 2-3 не издржа и одлучи да возврати на провокациите.  Саудиската лига веднаш отвори истрага бидејќи однесувањето на Роналдо беше оценето како неморално.

Според последните информации од медиумите, Роналдо за ваквиот потег добил суспензија од два натпревари, но и парична казна. Засега не се наведува во кој износ, меѓутпа со оглед дека во Ал Наср заработува 200.000 евра годишно сигурно нема да има посебен проблем со таквата казна.