Роналдо: Клубовите треба да се грижат подобро за младите играчи

Португалската ѕвезда, Кристијано Роналдо, проговори за напорниот календар во фудбалот откако повеќето тренери и играчи од Европа, реагираа дека тој влијае на здравјето на фудбалерите.

„Клубовите треба подобро да се грижат за младите играчи. Белингем или Ламин на пример, се многу млади. Ќе мора да се жртвуваат многу и ќе им треба малку среќа за да играат на мои години но, клубовите треба да се грижат за нив.

Играчите се жалат дека има премногу натпревари, се согласувам. Мислам дека единствениот начин да се направи баланс е да тренирате помалку или да тренирате попаметно“, рече 39-годишниот напаѓач на Ал Наср.