Роналдо: Мораме да останеме фокусирани против Македонија
Ѕвездата на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, после победата против Турција и пласманот во финалниот бараж за настап на СП во Катар против селекцијата на Македонија, изјави дека тимот мора да остане фокусиран до крај.
„Го направивме само првиот чекор кон нашата цел за пласман на СП во Катар. Ништо не е освоено, ништо не е постигнато. Мораме да продолжиме со работа и да останеме фокусирани за натпреварот со Македонија. Верувам во наша победа. Напред Португалија! Одиме во Катар!“, порача Роналдо преку пост на Инстаграм.