Роналдо не ја има прифатено мега понудата од Саудиска Арабија
Дејли Мејл пренесува дека менаџментот на Кристијано Роналдо ги отфрли тврдењата дека напаѓачот ќе потпише договор со Саудискиот клуб Ал-Наср на 1 јануари.
Во понеделникот шпанскиот весник „Марка“ објави дека Роналдо се согласил да потпише две и пол годишен договор со саудискиот клуб, а неговата плата ќе биде 200 милиони евра по сезона.
Сепак, извори блиски до Роналдо ги отфрлија овие гласини како чисти шпекулации. 37-годишниот Кристијано стана слободен играч на крајот на минатиот месец, откако со заедничка согласност го раскина договорот со Манчестер Јунајтед. Ова се случи по скандалозното интервју со новинарот Пирс Морган, во кое тој упати сериозни критики до раководството на клубот и изјави дека не го почитува тренерот Ерик тен Хаг.