Роналдо останува во Јунајтед, но бара засилувања за екипата

Медиумите во Англија пренесуваат дека фудбалерот на Манчестер Јунајтед Кристијано Роналдо не барал да го напушти англискиот клуб туку бил разочаран од недостатокот на амбиција на клубот во преодниот рок.

Роналдо пропушти голем дел од припремите на екипата за новата сезона, а медиумите информираа дека тој и неговиот менаџер бараат клуб со кој ќе настапува во Лигата на шампионите.

Според новите информации извршниот директор на Јунајтед го посетил Роналдо во неговиот дом во Манчестер и му гарантирал дека клубот до крајот на преодниот рок ќе ангажира неколку играчи со кои тимот би бил конкурентен во Премиер лигата. Бразилецот Касемиро е на прагот од трансфер на Олд Трафорд, а клубот ќе се обиде да ги доведе и Јаник Караско од Атлетико и Антони од Ајакс.