Роналдо планира да се пензионира во Ал-Наср
Фудбалерот на Ал-Наср и репрезентацијата на Португалија, Кристијано Роналдо не планира да оди во друг клуб пред завршување на кариерата.
Договорот на 39-годишниот играч со саудискиот клуб е до летото 2025 година.
„Не знам дали ќе се пензионирам наскоро или за две или три години, но веројатно ќе го сторам тоа во Ал-Наср. Среќен сум овде. Ми се допаѓа да играм на ова првенство, сакам да продолжам да го правам тоа“, го цитира Роналдо новинарот Фабрицио Романо.
Во новата сезона 39-годишниот Роналдо на три натпревари за Ал-Наср постигна три гола и една асистенција.