Роналдо побара од Манчестер Јунајтед да си замине од клубот доколку пристигне поволна понуда

Според објавите во англиските медиуми, Кристијано Роналдо побарал од челниците на Манчестер Јунајтед да го напушти клубот доколку пристигне добра понуда. Информациите велат дека за Роналдо постои интерес од неколку екипи, а 37-годишниот Португалец верува дека може да одигра уште три или четири сезони на највисоко ниво.

Како екипи кои се споменуваат дека ќе испратат понуда за негов ангажман се Челзи од каде веќе имале средба со менаџерот на Роналдо, и калчолигашот Рома каде тренер е Жозе Мурињо.