Роналдо погоди од слободен удар по скоро две години

На натпреварот од 33. коло од англиската Премиер лига меѓу Манчестер Јунајтед – Норвич (3-2), напаѓачот на „црвените ѓаволи“, Кристијано Роналдо постигна хет-трик.

Португалецот еден од головите што ги постигна беше од слободен удар. Ова беше прв гол од слободен удар за Роналдо по враќањето во Манчестер Јунајтед. По мечот стана јасно дека последен пат напаѓачот успеаа да постигне гол од оваа позиција во јули 2020 година, кога беше играч на Јувентус.

Тогаш Роналдо постигна гол во натпреварот од 30. коло од италијанската Серија А од сезоната 2019/2020 со Торино (4-1).

Роналдо е во Манчестер Јунајтед од август 2021 година. Португалецот оваа сезона има 25 настапи во Премиер лигата, постигна 15 гола и имаше три асистенции.