Роналдо собори три рекорди на европските првенства!

Кристијано Роналдо во победата на Португалија на Романија испиша историја на европските првенства.

Португалија долго се мачеше, а до победата стигна со головите во финишот од натпреварот. Стрелаше Гереиро и Роналдо во два наврати.

Капитенот на Португалија на овој натпревар стана првиот играч во историјата кој настапил на пет различни еврпоски првенства, како и првиот кој постигнал барем еден гол во пет завршници на најсилното натпреварување за репрезентации на европскиот континент.

Роналдо не застана тука. Со два погодоци стигна до бројката од 11 на европските првенства, по што стана исто така рекордер. Зад него остана Мишел Платини, кој има постигнато девет погодоци.

Овие три рекорди веројатно ќе останат долго во сопственост на Роналдо, бидејќи нив може да ги стигне само играч кој ќе може толку долго да трае на најголемата сцена.

Пред Роналдо стојат нови натпревари и нови прилики да ги помести границите на своите успеси, а наредниот рекорд по кој трага е на Али Даеи.

Легендарниот напаѓач на Иран постигна 109 погодоци за својата репрезентација и во моментот е играч со најмногу погодоци за некоја држава. Но, Роналдо е многу блиску бидејќи за Португалија има постигнато 106 погодоци.