Роналдо: Сонувам светска титула со Португалија

Кристијано Роналдо се надева дека ќе игра уште многу години, а открива дека сонува светска титула со Португалија.
Португалецот на почетокот на февруари ќе наполни 36 години, но и понатаму не размислува за крај на кариерата.
„Годините не се важни, важна е состојбата на умот. Живеам во сегашноста и во овој момент. Среќен сум и во форма. Се надевам дека ќе играм уште многу години, но никогаш не се знае. Ова е фудбал и не можеме да знаеме што ќе се случи утре“.
Роналдо има и голем сон – светска титула со Португалија.
„Сонувам да го освојам Светското првенство во Катар со Португалија. Тоа е можно, се е можно и верувам во тоа“, изјави Роналдо.