Роналдо со десет хет трика за Португалија

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед и најдобриот португалски фудбалер, Кристијано Роналдо одново руши рекорди.
Португалецот на средбата на неговата репрезентација со селекцијата на Луксембург која заврши со резултат 5:0 за Португалија, постигна 3 гола, со што запиша уште еден рекорд во светскиот фудбал.
Ова е негов 10-ти хет трик во дресот на португалската фудбалска репрезентација со кој докажува дека е еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња.