Роналдо стана косопственик на Алмерија

Кристијано Роналдо стана ко-сопственик на шпанскиот второлигаш Алмерија, откако купи 25 проценти од акциите во клубот преку неговата новооснована компанија „CR7 Sports Investments“.
Иако на 41-годишна возраст сè уште активно игра и постигнува голови за Ал-Наср, со овој потег Роналдо се обидува и да стане сопственик.
„Долго време имав амбиција да придонесам за фудбалот надвор од теренот“, рече капитенот на португалската репрезентација.
„Алмерија е шпански клуб со силни темели и јасен потенцијал за раст. Со нетрпение очекувам да соработувам со раководството за да го поддржам клубот во неговата следна фаза од развојот.“
Финансиските детали од трансакцијата не се откриени, но со оваа инвестиција Роналдо се враќа во шпанскиот фудбал, каде што помина девет сезони освојувајќи трофеи со Реал Мадрид пред да замине во Јувентус во 2018 година.
Алмерија моментално е на третото место во втората шпанска лига, само два бода зад лидерите, а до крајот на сезоната има уште 15 натпревари. Интересно е што Роналдо е постар од самиот клуб, кој е основан во 1989 година.
Влегувањето на Роналдо во сопственичката структура доаѓа една година откако клубот беше преземен од саудиска инвестициска група