Роналдо ја продолжува приказната во Саудиска Арабија

Кристијано Роналдо е на добар пат да потпише нов договор со Ал Наср, со што ќе остане во Саудиската Про Лига најмалку уште една сезона. Преговорите се во завршна фаза, а дискусијата се води околу тоа дали продолжувањето ќе биде на една или две години. Доколку се стигне до заедничко мислење, новиот договор би можел да го задржи португалецот во клубот до јуни 2027 година.
Можното продолжување на договорот со Роналдо се смета за стратешка победа за Саудиската Про Лига, која доби глобално внимание по неговото пристигнување во јануари 2023 година. И покрај интересот од други клубови и постојаните шпекулации за неговата иднина, Роналдо изгледа подготвен да ја продолжи својата авантура во Саудиска Арабија.
Откако пристигна во Ал Наср, Роналдо се истакна со извонредни настапи, завршувајќи како најдобар стрелец во лигата две сезони по ред. Со 35 голови минатата сезона, тој докажа дека и на 40 години останува елитен играч. Иако Ал Наср сè уште нема успеано да освој трофеј со португалската гол-машина, индивидуалните достигнувања на Роналдо се навистина импресивни.
Нов договор би значел дека Роналдо може да игра и до својата 42-ра година, оставајќи простор и за можноста да настапи на Светското Првенство во 2026 година. Неговата одлука да остане покажува не само желба за натпреварување на високо ниво, туку и сè поголема посветеност на развојот на фудбалот во Саудиска Арабија.