Роналдо ја сака капитенската лента од Мегваер

Англискиот „Дејли Мирор“ пишува дека постои криза во соблекувалната на Манчестер Јунајтед, која е поттикната од Кристијано Роналдо.
Имено, португалскиот напаѓач е незадоволен од влијанието врз тимот од дефанзивецот и капитен на „црвените ѓаволи“, Хари Мегваер. Поради тоа, Роналдо ја посакува капитенската лента за себе и е со мислење дека тој ќе има поголем успех во мотивација на соиграчите бидејќи е повеќе респектиран, посебно од помладите членови на екипата.
Во целата ситуација се вмешал и тренерот Рангник кој почнал преговори со двајцата играчи и по се изгледа ќе побара од Мегваер да му ја предаде капитенската лента на Роналдо.