Роналдо ќе се кандидира за прв човек на бразилскиот фудбал

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Интер и Милан Роналдо ја објави својата кандидатура за претседател на Бразилската фудбалска федерација.

„Имам стотици мотиви, но најважно е да се врати почитта кон бразилскиот фудбал на светско ниво“, биле зборовите на Роналдо.

Роналдо е поранешен бразилски фудбалер кој играше како напаѓач, двократен светски шампион, вице-светски шампион, двократен освојувач на Купот на Америка, двократен освојувач на Златна топка и освојувач на Златна копачка. Роналдо ја заврши професионалната кариера во 2011 година, како играч на бразилски Коринтијанс.