Рохас со нов светски рекорд го одбележа атлетскиот ден во Токио

Венецуелката Јулимар Рохас ја освои титулата олимписка шампионка во трискок на Олимпијадата во Токио, а во последната серија од финалето постави и нов светски рекор. Таа го собори досегашниот светски рекорд стар 26 години, кој го држеше Украинката Инеса Кравец.
Двократната светска шампионка и сребрена од последните Игри во Рио, практично го реши прашањето за златото веднаш во првиот скок кога прелета 15,41 метри, што е само девет сантиметри послабо од претходниот светски рекорд.