Ројс во јуни се враќа во Менхенгладбах

Марко Ројс изгради легендарен статус во Борусија Дортмунд, но по завршување на сезоната веројатно дека ќе го напушти „Сигнал Идуна Парк“.

Како што пренесуваа медиумите во Германија големи се шансите тој по 14 години да замине од Дортмунд, но ќе остане во Бундеслигата и ќе се пресели во Мехегладбах.

Токму од Мехенгладбах Ројс се пресели во Дортмунд, каде досега одигра 415 натпревари, притоа постигна 167 голови и 126 асистенции.