Роџерс се врати во Селтик, ќе го заземе менаџерското место на Постекоглу
Oткако Постекоглу се пресели на клупата на Тотенхем тимот на Селтик брзо пронајде нов стратег, тригодишен договор со шкотскиот гигант потпиша Брендан Роџерс.
За поранешниот тренер на Ливерпул и Лестер ова е враќање во клубот со кој во првиот мандат имаше голем успех и освои дури седум трофеи. Од Селтик, Роџерс си замина во текот на сезоната 2018/2019 и потпиша за Лестер.
Лестер го водеше неколку сезони, но во изминатата доби отказ поради лошите резултат. Лестер не успеа да ја поправи формата ни по неговото заминување, па наредната сезона ќе игра во Чемпионшип.
„Навистина сум среќен што се враќам во Селтик, добив можност да се вратам во голем клуб и не размислував многу, ниту јас, ниту членовите на моето семејство. Уживавме во прекрасните моменти од првата заедничка авантура“, изјави Роџерс по потпишувањето на договорот.