Рубен Диаз шест недели надвор од терените

Одбранбениот фудбалер на Манчестер сити, Рубен Диаз, претрпе повреда на тетивата.

Тренерот на „Граѓаните“, Хозеп Гвардиола, на прес-конференција објави дека Португалецот ќе отсуствува од четири до шест недели.

Претходно беше објавено дека дефанзивецот на Сити, Јошко Гвардиол, ќе биде надвор од терените подолг период исто така поради повреда. Двајцата се повредија во неделата во ремито 1-1 со Челзи во 20. коло од Премиер лигата.

Дваесет и осумгодишниот Диаз има одиграно 25 натпревари во сезоната 2025/26, постигна два гола.