Рубен Невеш од Вулверхемптон е замена за Бускетс во Барса

Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе може да го замени Серхио Бускетс, пренесуваат каталонските медиуми.

Прв избор е португалскиот репрезентативец и член на Вулверхемптон, Рубен Невеш со кого преговорите се во напредна фаза.

Вулверхемптон е спремен да го пушти Невеш, но за неговата слобода бара 35 милиони фунти, а Барселона веќе ги започна преговорите.

Интерес за Невеш покажуваат уште Арсенал и Манчестер Сити, но тој преферира трансфер во Барселона.