Рудигер го напушта Реал следното лето

Искусниот играч од одбраната на Реал Мадрид Антонио Рудигер во јуни 2026 година ќе го напушти „кралскиот клуб“. Според пишувањето на германски „Билд“ на крајот на сезоната германскиот репрезентативец (81 натпревар за Германија) е со лоши односи со соиграчот Џуд Белингам, а го загуби и статусот првотимец кај новиот тренер Чаби Алонсо. На неговата позиција тренерот ги користи Едер Милитао и Дин Хујсен.

По бројните повреди изминативе сезони Алонсо не е задоволен од неговата физичка подготовка па така 32-годишниот играч е на „излезна врата“. Рудигер во моментов е повреден и неговото враќање во екипата се очекува во ноември. Неговата позиција сега е пополнета со Милитао и Хујсен.

Рудигер во Реал Мадрид дојде како слободен играч во 2022 година од Челзи. Во дресот на тимот од Мадрид одигра 157 натпревари и освои осум пехари, а во кариерата има настапувано и за Штутгарт и Рома.