Рудигер одбива неделна плата од 200 илјади фунти

Преговорите меѓу Челзи и Антонио Рудигер продолжуваат, но двете страни се уште се далеку од договор. 

Клубот од Лондон сака да го задржи дефанзивецот, но Рудигер за продолжување на соработката бара повисока плата од досегашната.

Моменталната плата на Рудигер изнесува 100 илјади фунти неделно, па сега претставниците на Челзи излегле со понуда од 200 илјади фунти, но по се изгледа дека и оваа понуда не била доволна за да го убеди играчот да остане на Стенфорд Бриџ. 

Договорот на Германецот со екипата на Челзи истекува ова лето и тој сега може да преговара и со други клубови.