Рудигер се повреди, ќе го скокне осминафиналето на ЕП
Антонио Ридигер се повреди на натпреварот од третото коло од групата А против Швајцарија (1-1), кој се одигра синоќа во Франкфурт. Ридигер го повредил грбот.
„Не изгледа драматично, но мали се шансите Антонио да игра во сабота“, изјави за „Билд“ спортскиот директор на германската репрезентација Руди Фелер.
Натпреварот од осминафиналето ќе го пропушти уште еден стопер на Германија, Џонатан Та, кој ќе паузира поради жолти картони.