Румениге: Основна цел на Баерн е годинава да ги избегнеме повредите

Баерн Минхен доживеа голем удар поради повредата на Мануел Нојер, која голманот ја заработи по крајот на настапот во Катар, а некогашниот прв оперативец Карл Хајнц Румениге во својата новогодишна желба се фокусирал токму на овој сегмент.

Во празничното интервју Румениге зборувал за она што го чека Баерн во 2023 година, а тој посакал само избегнување повреди на фудбалерите на баварскиот тим.

„За Нова година посакувам да немаме веќе повреди. Следува натпревар со ПСЖ, на кој противници ќе ни бидат двајцата најдобри фудбалери од СП. Меси го освои трофејот кој му недостасуваше, Мбапе беше најдобар реализатор, тие имаат неверојатен офанзивен потенцијал. Во моментов сме во добра позиција во Бундеслигата, но имаме важни амбиции и во Лигата на шампионите“, изјави Румениге.