Руни го коментираше евентуалниот трансфер на Роналдо во Сити

Манчестер Сити понуди 30 милиони евра за трансфер на Кристијано Роналдо од Јувентус и истиот би можел да биде финализиран во најкраток рок. Португалскиот напаѓач се очекува да потпише двегодишен договор со клубот од „Етихад“ за плата од 31 милион евра по сезона и да се пресели во редовите на екипата предводена од Пеп Гвардиола.

Еден од оние кои не веруваат во ваков расплет е Вејн Руни, поранешниот соиграч на Роналдо од деновите поминати во Манчестер Јунајтед.

„Кристијано остави длабока трага во Манчестер Јуанјтед и знам дека на тоа е горд како играч и како човек. Не можам да го видам во Сити, но тоа е фудбалот и никогаш не знаете што ќе се случи. Има малку играчи на негово ниво кои направиле таков трансфер. Тоа го направија Питер Шмајхел и Енди Кол, но ми се чини дека тој нема да го направи тоа. Тој не треба да направи трансфер поттикнат од финансиски причини.“ – вели Руни.