Руни и Лампард меѓу кандидатите за менаџер на Евертон
Раководството на Евертон му се заблагодари на Рафа Бенитез за соработката во неделата, а лицитацијата за тоа кој би можел да седне на клупата на „карамелите“ е во тек.
Искусниот шпански стручњак очекувано доби отказ по серијата лоши резултати и само пет победи во 15 премиерлигашки натпревари сезонава.
„Скај Спортс“ објави дека во потесниот избор се најдоа потесниот круг за нов менаџер на тимот од Ливерпул, се легендата на клубот и актуелен тренер на Дерби Каунти, Вејн Руни, Френк Лампард, менаџерот на Брајтон, Греам Потер, селекторот на белгиската репрезентација Роберто Мартинез и Руди Гарсија.
Шеесет и едногодишниот Бенитез дојде во Евертон во јули 2021 година наместо Карло Анчелоти, кој се пресели на клупата на Реал Мадрид.
„Карамелите“ се само 16-ти во англиското првенство со 19 бодови, шест повеќе од Норич кој е во зоната за испаѓање.