Руни призна дека се однесувал како алкохоличар: Пиев додека не се онесвестам!

Вејн Руни ќе остане запаметен како еден од најдобрите голгетери на Англија и Манчестер Јунајтед, но на почетокот од кариерата пиел и прекумерно алкохол со цел да се справи со притисокот кој го носела славата.

Руни беше гостин во подкастот на поранешната рагби ѕвезди, Роб Бароу, а сега како тренер на Бирмингем зборуваше за тешкотиите и проблемите со кој се соочил низ текот на кариерата. Многу рано, уште на 16 години, Руни влезе во првиот тим на Евертон, додека една година подоцна стана и репрезентативец. Трансферот во Манчестер Јунајтед го направи на 20 години.

„Во раните 20-ти години моето ослободување беше од алкохоло. Ќе си одев дома и неколку дена немаше да излезам од срам. Пиев додека не се онесвестам, некогаш чувствувате дека ги изневерувате луѓето околу вас и јас поинаку не знаев да се справам со тој притисок“.

Денес Руни нема страв искрено да зборува за проблемите.

„Кога не прифаќаш помош, можеш да поминеш навистина лошо, јас бев таму неколку години. За среќа сега не се плашам да разговарам со луѓето за сите проблеми кои ги имам“, изјави Руни.