Руни: Јунајтед со години чекаше некого како Тен Хаг

Вејн Руни ги коментираше промените во Манчестер Јунајтед по доаѓањето на Ерик тен Хаг, не штедејќи комплименти за холандскиот стручњак. Поранешниот напаѓач на „црвените ѓаволи“ соработуваше и со Алекс Фергусон, а смета дека Тен Хаг е вистински избор за клубот од „Олд Трафорд“.
„Јунајтед со години имаше потреба од ваков тренер. Неколку пати бев во тренинг центарот и зборував со фудбалерите, јасно ми е дека тие сакаат да соработуваат со Тен Хаг.
Тен Хаг го промени менталитетот на фудбалерите и им ја врати самодовербата. Во моментов Јунајтед има негатива зад водечкиот Арсенал, но до крајот има уште многу натпревари и се е возможно. Тен Хаг ја подигна и важноста на резервите, па и тие помагаат многу кога ќе влезат во игра“, изјавил Руни.