Русинот Федосов е предизвикувачот на Кубрат Пулев
Рускиот боксер, Андреј Федосов, ќе биде новиот противник на Кубрат Пулев. Мечот е закажан за 14 мај во Форум салата со 17.000 седишта во Инглвуд, Калифорнија.
Пресметката ќе биде во 10 рунди. Федосов, кој има 32 победи од кои 26 со нокаут и само 3 порази во професионалниот ринг, долги години, живее во САД.
Русинот има 8 последователни победи а неговиот последен пораз беше со технички нокаут од Брајант Џенингс на 14 јуни 2013 година.