Русите се помирија, ја повлекоа тужбата против ФИФА
Фудбалскиот сојуз на Русија (РФС) ја повлече жалбата на одлуката на ФИФА за забрана за учество на „Зборнаја“ на меѓународни натпреварувања, со што практично го прифати исклучувањето од Светското првенство во 2022 година, соопшти Судот за спортска арбитража (ЦАС).
Во соопштението ЦАС истакна дека постапката наскоро ќе биде затворена. На крајот на февруари ФИФА ја суспендираше Русија на неодредено време од сите натпреварувања, а сето тоа поради војната со Украина.
Русите тогаш најавија жалба, но сега се повлекоа и ја прифатија конечната одлука.
Сепак, Русија ја продолжува акцијата против Европската фудбалска федерација (УЕФА) и се уште се надева дека ќе и дозволи на женската репрезентација да учествува на Европското првенство летово во Англија, кое ќе се игра од 6 до 31 јуни.