Русија нема да игра во следното издание на Лигата на нации

Ðîññèÿ. Ìîñêâà. Èãðîêè ñáîðíîé Ðîññèè ðàäóþòñÿ çàáèòîìó ãîëó â ìàò÷å ãðóïïîâîãî ýòàïà Ëèãè íàöèé ÓÅÔÀ ìåæäó ñáîðíûìè êîìàíäàìè Ðîññèè è Ñåðáèè. Ñòàíèñëàâ Êðàñèëüíèêîâ/ÒÀÑÑ

Руската фудбалска репрезентација и официјално останува надвор од европските натпреварувања, откако УЕФА потврди дека таа нема да биде дел од следното издание на Лигата на нации.

На официјалната страница на Европската фудбалска унија е објавен списокот на 54 национални селекции кои ќе настапат во петтото издание на ова натпреварување, при што повторно отсуствува Русија. Таа е наведена одвоено од активните репрезентации со јасна напомена дека суспензијата останува на сила до понатамошна одлука.

Со тоа, руската селекција ќе го пропушти и претстојниот циклус на Лигата на нации, продолжувајќи ја паузата која трае од февруари 2022 година, кога беше исклучена поради воената агресија врз Украина. Одлуката значи дека Русија веќе нема да учествува во трет последователен циклус на ова натпреварување.

Во меѓувреме, УЕФА испратила покани за учество до сите европски фудбалски федерации освен до руската, а националните сојузи имаат рок до 9 јануари да го потврдат своето учество. Иако во јавноста постојат шпекулации за можни промени поради геополитичките најави, од европската куќа на фудбалот засега нема сигнал дека статусот на Русија ќе биде ревидиран.

Откако е воведена суспензијата, руската репрезентација веќе пропушти две изданија на Лигата на нации, како и настапи на едно Светско и едно Европско првенство, а според актуелната состојба, изолацијата ќе продолжи и во следниот натпреварувачки период.