Руските и Белоруските атлетичари исклучени од „Дијамантската лига“

Најпопуларното атлетско натпреварување „Дијамантската лига“ им забрани на руските и на белоруските атлетичари настап на сите митинзи од оваа атлетска лига „во догледна иднина“, соопштија организаторите.
На почетокот на овој месец, Светската атлетика им забрани на спортистите, помошниот персонал и официјалните лица на двете земји да се појавуваат на сите настани во догледна иднина.
„Дијамантската лига ја прифати препораката на одборот и сите атлетичари од Русија и Белорусија ќе бидат исклучени од сите митинзи на Дијамантската лига во догледна иднина“, соопштија организаторите.