Руските и белоруските тенисери ќе можат да учествуваат на Австралија опен

Тениската федерација на Австралија, потврди дека тенисерите од Русија и Белорусија ќе учествуваат на овогодинешниот гренд слем турнир Австралија опен.

Во соопштението на федерацијата се наведува дека останува на сила одлуката со која им се дозволува настап на тенисерите од овие две земји, и покрај барањата од меѓународните спортски федерации за забрана на нивните настапи.

Меѓународниот олимписки комитет во февруари минатата година им предложи на спортските федерации да не дозволат учество на претставници од Русија и Белорусија на меѓународните натпреварувања поради војната во Украина.

Австралија опен ќе се одржува од 16. до 29.јануари во Мелбурн.