Руските клубови во иднина ќе играат во азиските натпреварувања
Досега имаше неколку земји кои ја заменија конфедерацијата од спортски или безбедносни причини – Австралија се пресели од Океанија во Азиската фудбалска федерација, додека Израел и Казахстан од Азија во УЕФА.
Руската фудбалска федерација (РФУ) размислува да се приклучи на Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ), откако беше казнета од Европската фудбалска унија (УЕФА) за руската инвазија на Украина.
„Мислам дека дојде време сериозно да се размислува за транзиција во азиската конфедерација. Не знаеме колку долго ќе трае забраната за руските клубови и репрезентации, а отсуството од меѓународните натпреварувања би било катастрофа за рускиот фудбал“, изјави поранешниот боксер, а сега пратеник Димитриј Пирог за Меч ТВ.