Руските тенисери го откажаа настапот на ЛОИ во Париз
Руските тенисери Андреј Рублев, Карен Хачанов и Људмила Самсонова нема да учествуваат на Олимписките игри ова лето во Париз, соопшти денеска претседателот на руската Тениска федерација Шамил Тарпишчев.
„Рубљов, Хачанов, Самсонова нема да играат на Олимпијадата. На Андреј му треба закрепнување, се наталожил замор. Неговото тело не е од железо“, изјави Тарпишчев.
Рублев (26), кој е шесторангиран на АТП листата, на Олимписките игри во Токио во 2021 година, во тандем со Анастасија Пављученкова стана олимписки шампион во мешани двојки, а го освои Дејвис купот и АТП купот како дел од рускиот тим.
Хачанов (28) е на 22-то место на светската ранг-листа, додека 25-годишната Самсонова е рангирана на 15. место во светот и има освоено четири ВТА титули. Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.