Сабаленка го освои турнирот во Бризбејн

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка утрово ја победи Украинката Марта Костјук во финалето на турнирот ВТА 500 во Бризбејн.
Мечот траеше 1 час и 19 минути и заврши со 6-4 и 6-3. Првиот светски рекет сервираше еден ас и реализираше три од своите осум брејк топки. Костјук која е 26. на ВТА ранг-листата постигна три асови, три двојни грешки и реализираше една од своите три брејк топки.
Ова беше петти меѓусебен натпревар и петта победа за Сабаленка.
27-годишната Белорусинка го освои својот 22. ВТА турнир во своето 42. финале. Костјук има една титула во четири финалиња во кариерата.
Наградниот фонд на WTA Бризбејн Интернешнл во Австралија изнесуваше 1,2 милиони долари.