Сабаленка и Гоф за титулата на женскиот Ролан Гарос

Првата и третата носителка на Ролан Гарос, Арина Сабаленка и Коко Гоф ќе се борат за титулата на вториот Гренд слем турнир во сезоната. Сабаленка ја победи бранителката на титулата Ига Швјонтек, а Гоф ја елиминира француската сензација, Лиос Боисон.
Најдобрата во светот, Сабаленка, ја детронизира, Швјонтек за два и пол часа.
Неизвесни беа првите два сета, во кои се случи фестивал на брејкови. Сабаленка го доби првиот со 7-6, а Швконтек вториот со 6-4. Во третиот Сабаленка ја декласира противничката, славеше со 6-0.
Сабаленка е првата тенисерка што стигнала до финалето на три последователни Гренд слем турнири по Серена Вилијамс во 2016 година.
Коко Гоф стави крај на најубавата приказна на овогодинешното издание на Ролан Гарос. Американката и препушти само три гема на противничката. За пласман во финалето и беа потребни само 70 минути, победи со 6-1, 6-2.
За утеха, Боисон ќе направи метеорски успех на ВТА листата. На Ролан Гарос дојде како 361. во светот, а од понеделник ќе биде меѓу најдобрите 70. Исто така ја зголеми банкарската сметка, заработи 690.000 евра.